Југоисточниот регион се бори со поплави

23.01.2015 18:49

Градоначалникот на Радовиш, Сашко Николов вели дека состојбата е под контрола, единствено дефектот во водоводната мрежа го остави половина Радовиш без вода за пиење...

Скоро четиричасовните интензивни врнежи од дожд во Радовиш ја излеаја реката Сушица која ги поплави околните индустриски објекти, семејни куќи, а го откорна и асфалтот од повеќе улици и турна огради од мостови.

Влезот на Радовиш беше целосно блокиран, а екипи на комуналните претпријатија, но и стопанствениците излегоа на терен да ги чистат наносите од кал, гранки и смет. Очевидците велат дека се сѐ случило многу бргу.

Градоначалникот на Радовиш, Сашко Николов вели дека состојбата е под контрола, единствено дефектот во водоводната мрежа го остави половина Радовиш без вода за пиење.

Освен дожд, и град со големина од орев паѓал претпладнево во Радовиш.

И Гевгелија ја погодиjа дождовите. Состојбата е под контрола, по неколку часовниот прекин на сообраќајот на патот кај Миравци, а водите од Кожуф и надојдените градски реки се закануваа да предизвикаат големи штети.

Дождливо време, но со послаб интензитет се очекува и утре.

 

Катерина Давчева