Се збогатува рибниот фонд во македонските води
Кон крајот на минатата година заврши порибувањето на Охридското Езеро со пастрмка. Во текот на годината во езерото беа пуштени над 2 милиона парчиња подмладок кој се обезбедува главно од мрестилиштето во Струга...

Со глобалните временски промени се повеќе од потребно е и човековото влијание врз одржувањето и оплодувањето на Охридската пастрмка во струшкиот и охридскиот регион.
„Во 1960 година со одлука на собранието на општина Струга, е основано и мрестилиштето во Шум, се со цел за сочувување на струшката форма од Охридска пастрмка и од тие моменти започнува производството на помладок во ова мрестилиште. Во изминатите години децении од постоењето на овие две мрестилишта Охридското езеро е порибено со неколку стотици милиони парчиња Охридска пастрмка“, вели м-р Јован Бојчовски.
Пастрмката како еден од загрозените видови риба во нашата држава бара посебни услови за нејзино опстојување.
„Таа бара чиста вода, ладна вода, здрави пасишта оти таа нема друго мени, треба да има јадење пасиште и плус се хранат и со мали рипчиња од други риби но знае да ги ја јаде и сопствените рипчиња“, смета екологистот, Мате Гогоски.
Порибувањето на Охридската пастрмка во водите на езерото и околните реки е од големо значење за опстанокот на една од најбараните и најстар вид на риба во овој предел на нашата држава. Овој период е во тек и забрана на речната пастрмка која се мрести и нејзиниот лов е строго забранет
Минатата година Охридското Езеро беше порибено со 2,5 милиони парчиња Охридска пастрмка од кои 2 милиони на македонската страна и поливина милион парчиња на албанска страна од езерото кај местото Лин.
Јованчо Наумоски
