Ангелов: Нема притисок, ќе победи подобриот, а тоа ќе бидеме ние
Голманот на макеоднската ракометна репрезентација Петре Ангелов звучи уште посамоуверено во споредба со триесетте минути во коишто речиси стави рампа пред нашата мрежа...

Ден по феноменалната партија во второто полувреме од последниот меч од групната фаза против Австрија, голманот на макеоднската ракометна репрезентација Петре Ангелов звучи уште посамоуверено во споредба со триесетте минути во коишто речиси стави рампа пред нашата мрежа.
„Не чувствуваме никаков притисок. Цела генерација играме заедно повеќе од десетина години, настапуваме во Лигата на шампионите, во СЕХА Лигата, знаеме како е на жешки натпревари“, искрен е чуварот на мрежата на Вардар.
„Секој знае како треба да се подготви, знаеме што значи натпреварот и каква шанса е тој за нас. Сите ќе одиграме максимално во мечот во којшто ќе победи подобриот, а тоа ќе бидеме ние“, вели популариниот „Диви“, темелејќи ги надежите на цврстината во дефанзива.
„Имаме одлична одбрана. Словенците можат да пресметуваат колку гола ќе им бидат потребни да не победат, но очекувам нашата одбрана утре да одигра најдобро досега“, изјави Ангелов пред неделниот мундијалски 1/8-финален натпревар во Доха.
Драган Николовски, специјален известувач од Катар за МРТ
