Иванов на средба со дипломатскиот кор во Крушево

24.01.2015 13:59

Според Иванов „градејќи ја Европа во Македонинија, сакаме Македонија да биде во Европа“, а Европа треба да изнајде начин да ги почне преговорите, смета претседателот...

Македонските граѓани очекуваат европскиот совет да најде начин Македонија да ги почне преговорите за членство- ова беше пораката што вчера од Крушево ја упати претседателот Ѓорѓе Иванов, на традиционалниот дипломатски прием по повод новогодишните и божикните празници.
 
Според Иванов „градејќи ја Европа во Македонинија, сакаме Македонија да биде во Европа“, а Европа треба да изнајде начин да ги почне преговорите, смета претседателот.
 
Согласно со воспоставената практика дипломатскиот прием да се одржува надвор од главниот град, годинава, дипломатите  ќе имаат можност да се запознаат со економските и културните карактеристики на општина Крушево.