Уапсен Зоран Верушевски, екс- директор на ДБК
Неофицијално, поранешниот прв човек на ДБК е уапсен под сомнение за нелегално поседување оружје, детска порнографија и за уште неколку други тешки кривични дела...

Полицијата вчеравечер го уапси Зоран Верушевски, екс-директорот на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање во времето на владеењето на СДСМ.
Неофицијално, поранешниот прв човек на ДБК е уапсен под сомнение за нелегално поседување оружје, детска порнографија и за уште неколку други тешки кривични дела.
Полицијата извршила претрес во неговите домови во Скопје и во Струга, при што, покрај другите докази, бил запленет и компјутерот на осомничениот.
Верушевски, по приведувањето, е изведен пред истражен судија.
Поранешниот прв контраразузнавач беше актуелен во јавноста и по инцидентите предизвикани од неговиот син.
