По шест години рецесија, кој пат ќе го фати Грција?!

24.01.2015 17:47

Грчката економија веќе шеста година е во рецесија. Невработеноста, корупцијата и неисполнувањето на долговите беа тема и на домашните експерти. И меѓу нив има поделеност. Едните се за продолжување на реформите, другите се децидини дека треба да се стави крај на штедењето...

Кој пат ќе го фати Грција по изборите, оној за кој се залагаше претходната десничарска влада- да се продолжи со политиката на фискалните реформи, или за што се залагаат грчките левичари, да се прекине со штедењето?!

За развојот на грчката економија која што е значително ослабена по шестгодишната рецесија, и во атмосфера меѓу надежта и компромисот, поголемиот број аналитичари се уверени дека и покрај драстичните разлики меѓу двете опции, сепак се уверени дека има место за преговори со Тројката.

„Нема причина да не се продолжи со реформите бидејки се покажа по долгодишното претерано задолжување, состојбата да се нормализира и националниот долг е на одржливо ниво“, смета Панос Цакоглу, професор по економија.

„Ние бараме да се одржи конференција за опростување на целиот долг. Концептот наш е краткорочна помош во вид на замразнување на каматите и длгорочно во форма на реструктуирање на долгот“, вели Никос Вутис, економски аналитичар на Сириза.

Но, долг си е долг, велат меѓународните финсиски експерти, упатувајќи ја и пораката до грчките политичари да не ветуваат премногу, доколку не се сигурни дека потоа не ќе можат да го остврат ветеното.

Долгот на Грција во минатата година достигна до 320 милијади евра, или пак по глава на жител секој е должен по 30.000 евра. И покрај тоа што офиицјална Атина пред три години со приватните кредитори се договори за реструктирање на долгот, нејзината економија во текот на рецесијата изгуби една четвртина од вредноста и падна на 188 милијарди годишно, поради што што и отплата на долгот е се поотежната.

Мирјана Василева