Младите Македонци во Белград со хуманитарна акција се сеќаваат на Тоше
Во пресрет на одбележувањето на неговиот роденден, Форумот на млади Македонци во Белград традиционално денес и утре организира хуманитарни активности, под називот „Хуманост без граници“, која започна со крводарителска акција во соработка со Институтот за трансфузија на крвта на Србија...

Белград и македонците во Србија се сеќаваат на Тоше Проески. Музичка икона која на најдобар начин ја преставуваше Македонија, за кого во Србија говорат со пиетет.
„Ние Македонците од Белград, заедно са Фан клубот на Тоше од Белград, го одбележуваме денот на неговото раѓање на негов начин, со големи хуманитарни акции кои наидуваат на голем одзив кај граѓаните на Белград“, вели Зорица Митровиќ-Претседател на Форумот на млади Македонци.
На акцијата и се придружи и македонската амбасадорка во Белград.
„Како амбасадор на Р.Македонија во Белград денеска дарувам крв и тоа го правам во чест на нашиот најголем македонски амбасадор, чија одлика беше главно хуманост, покрај тоа што беше наша македонска, балканска и светска музичка звезда-Тоше Проевск“, изјави Вера ЈовановскаТипко, амбасадор на Р.Македонија во Србија.
Хуманитарните активности во чест на Тоше продолжуваат и утре, за кога е предвидена акција за собирање помош за децата од прифатилиштето во Белград.
„Форумот на млади македонци со оваа акција го оправда своето постоење во Србија“, смета Борче Величковски, претседател на НС на македонската заедница во Србија.
Во вечерните часови на сплавот ТАГ ќе биде организирана хуманитарна журка со „Бајка бенд“, Тијана Дапчевиќ и Тамара Тодевска. Средствата кои ќе бидат собрани ќе бидат наменети за Националното здружение на родители на деца заболени од рак.
Оливер Бранковиќ, дописник од Белград за МРТ
