Иванов до дипломатскиот кор: Македонија заслужува членство во ЕУ
Европскиот совет да најде начин Македонија да ги почне преговорите за членство- ова е пораката што ја упати претседателот Ѓорѓе Иванов од Крушево, на традиционалниот дипломатски прием по повод новогодишните и божиќните празници. Согласно со воспоставената практика дипломатскиот прием да се одржува надвор од главниот град, а годинава, дипломатите ќе имаат можност да се запознаат со економските и културните карактеристики на општина Крушево...

Ќе ја пренесеме вашата желба за членство во ЕУ до нашите влади. Ова беше одговорот на Амбасадорите на Франција и Британија денеска во Крушево по вчерашната порака на Претседателот Иванов кој истакна дека Македонија после 10 години кандидатску статус заслужува членство во ЕУ, и дека неправедните и наметнатите блокади предизвикуваат само фрустрации и нестабилност во општеството. Тие кусо одговорија дека не поддржуваат на тој пат.
„Ние сме собрани тука заедно со другите амбасадори акредитирани за Македонија и тоа претставува одлична можност да се слушне пораката од Претседателот, а нашата задача е истата таа порака да ја пренесеме до Владите на земјите кои ги застапуваме овде во Македонија и да работиме заеднички на патот за ЕУ“, истакна Лоренс Оер, Амбасадор на Франција во Македонија.
„Тоа е долга работа и мислам дека ние сите ја поддржуваме Македонија на тој пат“, истакна Чарлс Гарет, Амбасадор на Велика Британија во Македонија.
Инаку Претседателот Иванов на синоќешниот прием на дипломатскиот кор од земјава во Крушево истакна дека граѓаните на Македонија сакаат членство во Унијата.
„Се покажа дека блокадите предизвикуваат фрустрации во македонското општество, нестабилност во политичкиот живот и и тензичност во меѓуетничките односи. Затоа сакам да пратам јасна порака до нашите европски партнери дека македонските граѓани очекуваат Европскиот совет да најде начин Македонија да ги започне преговорите за членство“, рече Ѓорѓе Иванов, Претседател на Р. Македонија.
Денеска дипломатите од земјава имаа можност да се запознаат со економските туристичките и културните капацитети на Крушево, a ги посетија и споменикот „Илинден“, Спомен куќата на Тоше Проески, а се прошетаа и низ крушевската чаршија.
Дарко Штаргоски
