Евтините авиобилети го раздвижија авиосообраќајот

24.01.2015 18:28

Евтините авиобилети со нискобуџетните компании ги раздвижија Македонците. Секојдневно во агенциите се вршат резервации за некои од новите дестинации. Дека овој проект се покажа како позитивен, говори податокот дека минатата година во однос на претходната имало над 500 илјади патници повеќе.

Во Струмица најмалку 50 патници неделно купуваат билети преку нискобуџетната компанија „Визер“, велат од туристичките агенции. Тоа знаи дека месечно околу 200 граѓани уплаќаат за овие евтини летови кои возат до европските центри.

Со новопроимовираните пет летови, бројот на дестинации на овој авиопревозник достигна 19. Македонските граѓани преку скопскиот аеродорм, а сега дел и преку охридскиот може да патуваат за Барселона, Осло, Хамбург, Нирнберг, Фридрихсхафен, Келн, Франкфурт, , Милано, Париз, Лондон.

„Неделно се зголемува бројот, од 30 до педесет билети месечно. Дури граѓаните поовеќе се одлучуваат за авионски отколку автобуски превоз. Најбарани дестинации се Базал и Франкфурт“, изјави Маја Данева, вработена во туристичка агенција.

Туристичките работници велат дека македонските аеродороми станаа конкурентни на оние од соседството. Голем број на патници доаѓаат и од Бугарија и Грција.

„Од Бугарија имаме и патници, а во поселдно време и од Грција. Во Солун авиопревозникот Рајанер нема некои од дестинациите кои ги има Визер, па затоа доаѓаат тука. Но, и поевтините билети ги направија нашите аеродроми поконкурентни, вели Данева.

Со субвенционираните авиолинии во 2013 година бројот на патници се зголеми 236 проценти, а лани се превезени 500 илјади патници преку Визер, односно половина повеќе од 2013-та.

Катерина Давчева