Јансруд го доби скратениот спуст во Кицбил

24.01.2015 18:48

Организаторите се соочија со големи проблеми во денешната трка, која поради густа магла во горната половина на патеката најпрвин беше пролонгирана, за конечно да се решат да ја скратат со цел да се одржи натпреварот...

Норвежанецот Кјетил Јансруд најдобро се снајде на скратената спуст патека “Штрајф“ во Кицбил и победи со 58 секунди и 16 стотинки, што беше за 2 стоти делови од секундата побрзо во однос на второпласираниот Доминик Парис.

Италијанецот се радуваше на истата патека во вчерашниот супервелеслалом, а на пиедесталот се најде и Французинот Гиљермо Фајед со 21 стотинка зад победникот. Организаторите се соочија со големи проблеми во денешната трка, која поради густа магла во горната половина на патеката најпрвин беше пролонгирана, за конечно да се решат да ја скратат со цел да се одржи натпреварот.

Ова беше последен спуст пред СП во Бивер Крик следниот месец, по кој Јансруд води во светскиот куп со 439 бода, а австриецот Марсел Хиршер е најдобар во генерален пласман со 916 бода.