Лара Гут беше најбрза кај алпинките во Ст. Мориц

24.01.2015 18:49

Американката Линдзи Вон сеуште води во поредокот во спуст ...

За разлика од машкиот спуст во Кицбил, каде што патеката поради слаба видливост беше скратена, скијачкитенемаа проблеми со временските услови.Тие возеа во швајцарскиот скијачки центар Сент Мориц, каде што домашната натпреварувачка Лара Гут оствари 32 стотинки предност пред австријката Ана Фенингер.

Пријатно изненади третопласираната Едит Миклош од Унгарија, со 26 стоти делови од секундата задоцнување зад Фенингер.

Американката Линдзи Вон сеуште води во поредокот во спуст со 366 бода, а во генерален пласман словенката Тина Мазе е убедливо прва со 985 бода.