Томпсон со НБА рекорд, Антиќ и Атланта со клупски рекорд
Животна партија одигра Клеј Топмсон кој постави нов НБА рекорд со 37 поени во третата четвртина...

Перо Антиќ партиципираше во победата над Оклахома Сити со 103 : 93 со 8 поени, 4 скокови и 2 асистенции за 19 минути на паркетот. Со својата 15 победа едноподруго “јастребите“ поставија нов клупски рекорд и сеуште се непоразени во новата година. Милсап беше најефикасен со 22 поени и 10 скокови кај победникот, а ист број на поени кај гостите постигна Вестбрук, кој имаше и 10 асистенции. Со вкупен ефект од 36 – 8 тие Атланта е убедливо најдобра во Источната конференција, додека екипата на Оклахома останува по “плеј оф“ зоната на западот со 22 – 21.
Во сличен стил продолжува и западниот лидер Голден Стејт, кој му го наполни кошот на Сакраменто со 126 : 101. Животна партија одигра Клеј Топмсон кој постави нов НБА рекорд со 37 поени во третата четвртина. Феноменалната вечер пред исполнетата “Оракл“ арена Томпсон ја зачини со 52 поени и 11 тројки од 15 обиди. Леброн Џејмс постигна 29 поени во победата на Кливленд над Шарлот од 129 : 90, Џејмс Харден со 33 беше лидер во победета на Хјустон во Феникс со 113 : 111 а Роуз и Батлер уфрлија по 20 поени во успехот на Чикаго во Далас 102 : 98. Во другите средби Мајами – Индијана 89 : 87, Сан Антонио – ЛА Лејкерс 99 : 85, Денвер – Бостон 99 : 100, Филаделфија – Торонто 86 : 91 и Минесота – Њу Орлеанс 84 : 92.
