СП Катар, 5.коло
„Викинзите“ и „гаучосите“ ја минаа групата
24.01.2015 21:13
Во петтото коло од конкуренцијата „Це“, Исланд го совлада Египет со 28-25 и ја направи „пирова“ победата на Чешка против Алжир со 36-20...

Исланд и Аргентина влегоа во осминафиналното друштво на Светското ракометно првенство во Катар. Таков е епилогот по последните натпревари од групната мундијалска фаза. Франција – Аргентина, Шведска – Полска, Германија – Египет и Данска – Исланд се преостанатите двојки од фазата на најдобрите 16.
Во петтото коло од конкуренцијата „Це“, Исланд го совлада Египет со 28-25 и ја направи „пирова“ победата на Чешка против Алжир со 36-20. Во дербито, Франција ја совлада Шведска со пресврт во завршните десетина минути со 27-25, па доколку ја мине Аргентина, во четвртфиналето ќе вкрсти со Македонија или со Словенија.
Во групата „Де“, Аргентина се радуваше над Русија со 30-27 во директниот дуел за осминафинале. Данска ја победи Полска со 31-27 во битката за втората позиција, а Германија ја потврди првата со очекуван трумф над Саудиска Арабија со 36-19.
***
Група „Це“, 5.коло
Исланд – Египет 28-25
Франција – Шведска 27-25
Чешка – Алжир 36-20
Табела: Франција 9, Шведска 7, Исланд 5, Египет 5, Чешка 4, Алжир 0
***
Група „Де“, 5.коло
Аргентина – Русија 30-27
Германија – С.Арабија 36-19
Данска – Полска 31-27
Табела: Германија 9, Данска 8, Полска 6, Аргентина 5, Русија 2, С.Арабија 0
