МЗТ Скопје Аеродром поразен на гостувањето кај Цедевита
Домашните ја добија четвртината со 27 : 15 и на полувреме водеа со 48 : 38. Второто полувреме беше рамноправно, во кое кошаркарите на Цедевита рутински ја одржуваа предноста до крајот на натпреварот за конечни 81 : 70...
Во натпревар од 19 коло од АБА лигата, Цедевита беше подобра од МЗТ Скопје Аеродром со резултат 81 : 70. Нашиот претставник во регионалното друштво добро ги одигра воведните десет минути кога поведе со 23 :21, но драстичниот пад во вториот период беше вовед во поразот. Домашните ја добија четвртината со 27 : 15 и на полувреме водеа со 48 : 38. Второто полувреме беше рамноправно, во кое кошаркарите на Цедевита рутински ја одржуваа предноста до крајот на натпреварот за конечни 81 : 70.
Со дополнителните проблеми поради отсуство на повредените Класен и Синовец, тешко беше да се следи ритамот на учесникот во Евролигата. Хрватите беа поуспешни под обрачите со 11 скокови повеќе, а имаа и 5 украдени повеќе и исто толку загубени топки помалку. Индивидуално најдобар беше Билан со 14 поени, 12 скокови и 4 асистенции, а кај МЗТ Диксон одигра најдобро сезонава со 26 поени, 8 скокови и 4 асистенции. Македонскиот првак го претрпе 13 пораз со што останува на 12 место, а Цедевита се зацврсти на 3 место со 13 победи и 6 загубени средби.
