Здрава храна за здрави поколенија
Воспитувачите ја имаат главната улога за едукација на децата за примена на здрава храна укажувајќи им ги приоритетите и хранливите состојки најчесто преку говорни игри, приказни, серија слики и интерактивни боенки...

Министерството за труд и социјална политика од 2014-2015 година воведе програма за едукација на деца од предучилишна возраст во установи за згрижување и воспитување на деца во процесот на одгледување и консумирање на здрава храна.
„За оваа програма нашата градинка во сите шест објекти изработи леи , односно органиски градини во кои што децата во раната пролет ќе започнат со сеење и садење на зеленчук што може да се одгледува во тој период“, изјави од Марина Алексовска –директорка на градинката Ангел Шајче, Куманово.
Воспитувачите ја имаат главната улога за едукација на децата за примена на здрава храна укажувајќи им ги приоритетите и хранливите состојки најчесто преку говорни игри, приказни, серија слики и интерактивни боенки.
„Преку разни игри на интерактивен начин им посочуваме што е корисно за нив да јада,а што да избегнуваат.Истотака преку песнички и стихотворби ги запознавме со витамините и нивното значење“, вели Ленче Трајковска– воспитувач во градинка.
Децата без негодувања го прифаќаат менито со овошје и зеленчук и активно учествуваат во самиот процес на подготовка на храна, од правилно миење до сецкање.
„Сакам да јадам овошје и зеленчук да сум здрав и силен.“
„Јадам овошки свежи , витамини примам, само треба апетит да имам“, велат децата.
За да се постигне резултат, неопходно е да се едуцираат и родителите во здравата исхрана на децата, потребно е освен во градинките здраво да се хранат и дома. Тоа се две алки кои треба да бидат врзани за да се дојде до очекуваниот резултат, кој генерално на ниво на државата се очекува да се постигне.
Габриела Димковиќ
