ДЗС: Состојбата се нормализира
Со механизација, Дирекцијата работи на расчистување на теренот во Карбинци, Радовишко, во Крива Паланка и Градско...

Состојбата со поплавите во Источна Македонија се нормализира – уверуваат од Дирекцијата за спасување и кризи. Од таму велат дека состојбите се следат и апелираат до локалните власти доколку им е потребна било каква помош веднаш да реагираат.
Со механизација, Дирекцијата работи на расчистување на теренот во Карбинци, Радовишко, во Крива Паланка и Градско.
Водата од водоводот во Пробиштип и околните села кои се снабдуваат од него е забранета за пиење поради заматеност, но и водата во Штип не е за пиење, поради поплавување на бунарите – информираат од Центарот за управување со кризи.
Без вода за пиење се и 6 села во штипскиот регион. На реката Отиња сеуште е забрането движењето преку неколку мостови, а во прекин е регионалниот пат Штип- Карбинци, но поради надојдената Крива Лакавица и Карбинска не може да се стигне до 7 села во овој регион.
Поради свлечилиште забранет е сообраќајот во пробиштипско односно на патот Киселица- Злетово.
Миле А. Ристески
