МРТ на изборите во Грција: Анкетите и даваат предност на левичарската Сириза
Грчките избори и овој пат заземаа размери на глобален настан...

Лидерот на Нова Демократија Антонис Самрас, по гласањето изрази надеж дека ќе ја добие поддршката од големиот број граѓани кои што се изјасниле како неопределени на анкетите, кои што покажуваат водство од околу 5 проценти за опозициската Сириза.
„Го задржувам својот оптимизам, затоа што верувам дека никој нема да ја загрози европската насока на мојата земја“, вели Антонис Самрас – премиер на Грција и претседател на Нова Демократија.
Лидерот на Сириз, Алексис Ципрас по гласањето се обрати со вообичаената строга реторика за меѓународните кредитори.
„Денес решаваме дали Тројката утре ќе се врати во Грција за мерките за решение од страна на Самарас или пак, почнувајќи од утре, земјата ќе го потврди своето враќање кон достоинство, преку една тешка преговарачка процедура“, изјави Алексис Ципрас – претседател на Сириза.
Грчките избори и овој пат заземаа размери на глобален настан. Овде во прес центарот во Запион, акредитирани се дури 900 странски новинарски екипи. Првите резултати од гласањето се очекуваат околу 21 часот и 30 минути по локално време, но конечните резултати за тоа дали победникот ќе го освои и потребното мнозинство од 151 пратеник ќе се знаат најверојатно утре изутрина.
Марија Котовска – постојан дописник на МРТ од Атина
