Македонка екстрадирана од Грција, Верушевски најверојатно ќе одговара за повеќе крвични дела
До сега од увидот во порнографските материјали е утврдено дека постојат повеќе слики на девојчиња на десетгодишна возраст и видео на кое е прикажан сексуален акт помеѓу десетгодишно девојче со постар човек...

Откако беше екстрадирана во земјава од Република Грција, 54 годишната Жанета Баша почна со издржување на казната затвор од десет години во Идризово. Баша беше осудена поради тоа што трудово и сексуално ги експлоатирала малолетничките кои работеле како келнерки и придружнички на гости во угостителскиот објект Делфина во Гостивар.
„Секогаш кога обвинетата ќе им наредела, давале сексуални услуги во нејзиниот стан или во мотелите низ Гостивар, во износ од две до три илјади делнари за еден клиент“, изјави Иво Котевски, помошник министер за односи со јавност на МВР.
Баша се бараше со меѓународна потерница преку Интерпол од април минатата година, а беше лишена од слобода во соседна Грција во септемри.
Сеуште трае вештачењето на електронските документи пронајдени во компјутерот на поранешниот директор на ДБК, Зоран Верушевски.
До сега од увидот во порнографските материјали е утврдено дека постојат повеќе слики на девојчиња на десетгодишна возраст и видео на кое е прикажан сексуален акт помеѓу десетгодишно девојче со постар човек.
Од МВР велат дека ќе почнат со идентификација на малолетничките дали се од земјава или од странство. Доколку не се од земјава, МВР ќе ги достави до Интерпол на понатамошна идентификација. Освен за овие Верушевски веројатно ќе одговара и за други кривична дела.
„Станува збор за исклучително тешки и исклучително сериозни кривични дела за кои во моментов не би сакале и не би можеле да говориме“, нагласи Котевски.
Верушевски беше уапсен вчера откако по претресот кај него беше пронајдено оружје што го поседувал без дозвола и материјали со детска порнографија.
Фиљана Кока
