Куманово: Променлив водостој на реките, но состојбата е стабилна
Штети предизивикаа надојдените води претрпеа жителите на селата Пелинце ,Коинце, Драгоманце и Челопек...

Нема село по течението на реката Пчиња кое не било зафатено од големите поплави од излевањето од коритото. Штети предизивикаа надојдените води претрпеа жителите на селата Пелинце ,Коинце, Драгоманце и Челопек.
Од друга страна и Крива река се излеа и при тоа поплави стотици хектари земјоделско обработливо земјиште, куќи, викендички и помошни простории претежно во селата Јачинце, Довезенце и Стрезовце. Екипи на противпожарната единица од Старо Нагоричане , заедно со мештаните ја испумпуваа водата од поплавените објекти .
„Поплавени ми се подрумикте и помошните простории, а зафатена и шталата со доботокот, цела ноќ лежеше во вода“, вели жител на село Јачинце.
„Имам насеано еден хектар со јачмен, се е под вода“, додава друг од Стрезовце.
Во Општината Старо Нагоричане до прелевање на речното корито дошло поради прелевање на браната во Србија која се наоѓа над граничниот премин Пелинце. Од таму информираат дека ја следат состојбата на терен и интервенираат со механизацијата таму каде што е достапно.
„Имаме најави, занаете дека вчера и преку ноќ паѓаше дожд, но ние сме подготвени. Со против пожарната единица ги санираме штетите“, изјави Милован Трајковски, градоначалник на Старо Нагоричане.
Надлежните будно ги следат водотеците на двете реки и смируваат дека состојбата е стабилна. Нивото на двете реки е намалено за метар и половина.
„Веруваме дека ќе се нормализираат состојбите со водотеците и ќе се повлечат во речните корита, така што ќе остави простор во текот на денеот и утре да може да се дејствува на она што е оштетено“, изјави Горан Стојановски ракководител на Регионалниот Центар за упрваување со кризи.
Од Центарот пак додаваат дека машински се отранети нансоите од гранки и песок на критичните мостови при што е е ослободен притисокот на столбовите.
Доколку има нови поројни дождови и можно излегување на состојбата од контола, ќе се ангажираат сите надлежни служби, заедно со Дирекцијата за заштита и сапување.
Габриела Димковиќ
