Опаѓа нивото на Вардар во Велес

25.01.2015 17:49

Екипите интервенирале на терен и е спречено понатамошно излевање на реката...

Нивото на реката Вардар во Велес опаѓа. Освен неколку поплавени земјоделски површини кај Ногаевци и Градско, нема поголеми проблеми.

Екипите интервенирале на терен и е спречено понатамошно излевање на реката.

Од регионалниот Центар за справување со кризи велат дека нивото на водата е за 50 сантиметри пониско во однос на вчера.