Еврото на 11- годишен минимум

26.01.2015 09:53

На меѓудевизните тргувања во текот на минатата ноќ и претпладнево еврото падна под психолошката граница од 1,11 долари...

Вредноста на еврото на светските берзи денеска падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 11 години, како резултат на победата на Коалицијата на радикалната левица (Сириза) на вчерашните вонредни парламентарни избори во Грција и зголемените ризици по сигурноста на европската економија.

На меѓудевизните тргувања во текот на минатата ноќ и претпладнево еврото падна под психолошката граница од 1,11 долари.

Утрово на Токиската берза едно евро се менуваше за 1,1098 долари, што е најниска вредноста на европската во однос на американската валута од септември 2003 година.

На меѓубанкарската девизна размена Форекс едно евро минатата ноќ падна на 1,1097 долари, но утрово почна да зајакнува, па во 8:20 часот по средноевропско време една европска валута се менуваше за 1,1215 американски.