Министерот Попоски во посета на Албанија
26.01.2015 09:58
Попоски денеска ќе престојува во официјална посета на Република Албанија, на покана на неговиот албански колега Дитмир Бушати...
Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска ќе престојува во официјална посета на Република Албанија, на покана на неговиот албански колега Дитмир Бушати.
Како што информираат од македонското МНР, се очекува министерот Попоски да биде примен од албанскиот претседател Бујар Нишани, од албанскиот премиер Еди Рама, како и од претседателот на Комисијата за надворешна политика на Собранието, Арта Даде.
За време на посетата, министерот Попоски ќе оствари средба и со претставници на македонското национално малцинство во Албанија.
