Сириза победи, почнуваат преговорите за новата грчка влада

26.01.2015 10:07

Лидерот на Сириза, Алексис Ципрас, нагласи дека од денеска почнува напорна работа...

Коалицијата на радикалната левица – Сириза освои 36,32 проценти од гласовите на вчерашните вонредни парламентарни избори во Грција, покажуваат резултатите од 90 отсто преброени гласови.

Според податоците, зад Сириза е Нова демократија со 36,2 отсто, Златна зора е трета политичка сила со освоени 6,31 проценти, Потами освои 6,03, Комунистичката партија на Грција (ККЕ) 5,47, ПАСОК 4,72 и Независни Грци ја доби поддршката од 4,69 отсто од избирачите.

Сириза сепак не освои мнозинство со 149 места во парламентот, Нова демократија ќе има 76 пратеници, Златна зора 17, Потами 17, ККЕ 15, и ПАСОК и Независни Грци ќе имаат по 13 пратенички места.

Лидерот на Сириза, Алексис Ципрас, нагласи дека од денеска почнува напорна работа.

Иако не се соопштени конечните резултати, Ципрас уште денеска ги почнува преговорите за новата влада. Грчките медиуми јавуваат дека тој веќе контактирал со лидерот на Потами, Ставрос Теодоракис, а со претседателот на Независни Грци, Панос Каменос веќе има закажано средба.