Македонија ќе биде деветта на СП во Катар
Нашата репрезентација досега е најдобропласирана по првиот дел од елиминираните. Ако не се случи сензационална елиминација на лидерите на Ц и Д групата, Франција и Германија во дуелите со Аргентина односно Египет, Македонија ќе го освои 9-то место на завршната табела на СП во Катар...

На крајот кој за македонската ракометна селекција во Катар го означи поразот од Словенија, со 4 победи и 2 пораза, се насмевнува 9-то место и најдобриот пласман на Светските првенства досега.
Во Египет 1999-та го освоивме 18-то место со 1 победа и 4 порази, 11-ти бевме на Мундијалот во Хрватска 2009-та каде што имавме 4 победи и 5 порази и на 14-та позиција во Шпанија на претходниот Мундијал кој го завршивме со 2 победи, 1 реми и 3 порази.
Токму во Шпанија 2013-та почна да се применува новиот систем на Мундијалите кој не предвидува натпревари за пласман од 9-16 позиција, па поразените селекции во осминафиналето се рангираат според ефектот од групната фаза.
Нашата репрезентација досега е најдобропласирана по првиот дел од елиминираните. Ако не се случи сензационална елиминација на лидерите на Ц и Д групата, Франција и Германија во дуелите со Аргентина односно Египет, Македонија ќе го освои 9-то место на завршната табела на СП во Катар.
Во рангирањето се сметаат само натпреварите по групи против репрезентациите кои се пласирале од 1-4 место. Прв критериум се освоените бодови од дуелите по групи, па гол-разликата и на крајот ефикасноста односно предноста ја имаат селекциите кои постигнале повеќе голови.
Македонија има 4 бода и гол разлика +10, откако ги победи Тунис (+8) и Австрија (+5) а загуби од Хрватска (3 разлика). Значи, подобри сме од Австрија, Тунис и Бразил кои се исто така елиминирани во осминафиналето.
Имаме подобар резултат и од сите денешни осминафиналисти, освен од првопласираните Франција и Германија, и доколку тие не доживеат изненадувачки порази, нема тим мој може да биде пред Македонија во рангирањето. Дури и Данска која е без пораз со 4 бода и два реми исхода има послаба гол-разлика од нас.
Денеска во Катар во втората половина од осминафиналната шема играат: Шведска -Полска (16.30) МТВ, Германија - Египет, Исланд - Данска (19.30) МТВ и Франција -Аргентина.
Табела на елиминирани: Табела на денешни осминафиналисти:
Македонија 4 (+10) Франција 5
Австрија 1 Германија 5
Тунис 1 Данска 4 (+4)
Бразил 0 Шведска 3
Исланд 3
Полска 2
Аргентина 1
Египет 1
Југослав Костовски, специјален известувач од Доха за МРТ
