Врнежите ги сопреа земјоделските активности
26.01.2015 12:41
Повремените локални дождови неделава ќе ги сопрат активностите во земјоделството. Прихраната на посевите ќе биде одложена и може да се одрази врз развојот на житата...

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд. Според Управата за хидрометеоролошки работи ќе има постуден воздух и опаѓање на температурата.
Прогнозата ги загрижува земјоделците кои се подготвуваат за работење во нивите.
Новите врнежи дополнително ќе ја зголемат и влажност во почвата и ќе го одложат потребното првото прихранување на есенските посеви со минерални ѓубрива.
Преголемата влажност ги спречува и овоштарите и лозарите, да почнат со работи на отворено.
Методија Трајков
