СВР Битола повреде истрага за оштетувањето на возилата на УЈП
26.01.2015 12:45
Оштетни се шест службени возила, потврди раководителот Менде Матевски...

Секторот за внатрешни работи - Битола поведе истрага за утврдување на причините и предизвикувачот на оштетувањата на службените возила на Регионалната дирекција на Управата за јавни приходи, што вчеравечер се случија во Битола.
Оштетни се шест службени возила, потврди раководителот Менде Матевски.
Регионалната канцеларија на УЈП со седише во Битола во периодот од 23 до 25 јануари заедно со полициски инспектори од СВР-Битола и Државниот пазарен инспекторат извршија акциски контроли на 28 угостителски објекти во Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар и Македонски Брод, и според Матевски треба да се истражи дали настаните се меѓусебно поврзани.
