Велешани преку мобилна апликација ќе комуницираат за проблемите во општината

26.01.2015 13:02

Современите апликации на паметните телефони веќе ја покажуваат својата моќ и во администрирањето со граѓанските обврски. Тие можат на овој начин да ги вршат сите работи во надлежност на општината, со што се заштедуваат и време и пари. Велешката локална самоуправа наскоро ќе го воведе овој начин...

За неколку месеци проблемите кои се во надлежност на локалната самоуправа, граѓаните ќе може да го пријавуваат преку таканаречените „паметни“ телефони. Мобилната апликација веќе се развива. Целта е потикнување на граѓаните за вкличување во процесот на идентификување  на локалнте проблеми.

„Граѓаните да имаат можност преку смартфон апликација да комуницираат со општините и да известуваат за проблемите со кои се среќаваат, но од друга страна самата апликација дава можност за  успешно упарвување во рамките на Општините“, изјави Кристоф Ди Марко, Германска и швајцарска организација за соработка.

За локалните власти оваа апликација е нешто ново, но од таму велат и досега користејки ја ИТ технологијата остварувале редовна комуникацијата со граѓаните.

Додека да почне да се применува оваа мобилна апликација, велешани имаат можност своите забелешки да ги пишуваат на официјалната Фејсбук станица на општина Велес , но и на веб станата на Општината, во рубриката „прашајте го градоначалникот“.

Она што оваа апликација ја прави попримамлива за употреба, е повратната информација.

„Штом некој пријави проблем веднаш добива повратна информација кога проблемот е прочитан и цело време добива информации за статусот што е превземено за тој проблем“, вели Игор Славковски, Милиеуконтакт.

Граѓаните пак со интересен став, не е важно како ќе се пријави проблемот, важно е колку брзо тој  ќе се реши.

„Не е само проблемот да се пријави, проблемот е колкави се можностите да се решат тие проблеми“.

„Јас мислма дека тоа е исправно, треба постојано да се пријавува, да се каже што е исправно, а што не“. 

„Не сум запознат со нешто од таква работа“, велат анкетираните граѓани.

Ваков вид на мобилна апликација се применувалa  во развиените земји. Предноста, велат, изготвувачите е во тоа што во една база ќе се собираат сите податоци од кои подоцна ќе се идентификуваат најчестите проблеми во локалните самоуправи.  

 

Дијана Иванова