Грција: Формирана нова влада

26.01.2015 13:11

Сириза во парламентот ќе има 149 пратеници, а од партијата на Независните Грци ќе има 13 пратеници...

Грција доби нова влада. Изутринава лидерот на Сириза, Алексис Ципрас договори коалиција со лидерот на партијата на Независни Грци, Панос Каменос.

Сириза во парламентот ќе има 149 пратеници, а од партијата на Независните Грци ќе има 13 пратеници.

Во текот на денот Ципрас треба да оствари средба со  грчкиот претседател каде што ќе положи заклетва како премиер и потоа ќе го соопшти составот на неговиот кабинет.