Делегација на македонското Собрание на сесија на ПССЕ во Стразбур
Главните теми ќе бидат итната дебата по терористичките напади во Париз, дебатата за заштита на слободата на медиумите во Европа, како и хуманитарната ситуација во Украина...

Во Стразбур се одржува редовната зимска сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), на која учествува и делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од Александар Николоски.
Главните теми ќе бидат итната дебата по терористичките напади во Париз, дебатата за заштита на слободата на медиумите во Европа, како и хуманитарната ситуација во Украина.
Европарламентарците ќе дискутираат и за нетолеранцијата и дискриминацијата во Европа, со посебен акцент врз христијаните, како и заедничката дебата за еднаквоста и за кризата, како и на правото на колективно преговарање, вклучувајќи го и правото на штрајк.
