Македонија е добар пример за е- здравство
Покрај напредокот на полето на е-здравство, како предизвици на кои треба да се работи се „црвените“ бројки на смртност кај голем број болести и смртноста на новороденчињата...

Според Eвропскиот здравствен потрошувачки индекс Mакедонија е рангирана на 16-то место со 700-ни од максимални илјада бодови што е скок од единаесет места во однос на 2013-та година.
Државава е рангирана пред Италија и Шпанија, како и пред сите држави од регионот. Во извештајот се наведува дека Македонија е добар пример како една мала држава, благодарејќи на својата цврста решеност може да постигне голем напредок.
Покрај напредокот на полето на е-здравство, како предизвици на кои треба да се работи се „црвените“ бројки на смртност кај голем број болести и смртноста на новороденчињата.
На полето на превенцијата се оценува дека ситуацијата е подобра, но пушењето останува предизвик.
На врвот на Европскиот здравствен потрошувачки индекс и понатаму останува Холандија со 898 од максимални илјада бода, а по неа следуваат Швајцарија, Норвешка, Финска и Данска.
