САД се подготвува за снежно невреме
26.01.2015 14:50
Националната метеоролошка служба предупреди дека бура може да донесе снежна покривка од 60 до 90 сантиметри...

Повеќе од 60 милиони американци се подготвуваат за снежното невреме кое се очекува во текот на денот да го зафати источниот дел од земјата од Филаделфија до сојузната држава Мејн.
Голем број летови се откажани. Националната метеоролошка служба предупреди дека бура може да донесе снежна покривка од 60 до 90 сантиметри.
Градоначалникот на Њујорк ги повика граѓаните да не патуваат доколку немаат итна потреба.
