Признание за македонскиот Отец Гаврил по повод Денот на Австралија
Отец Гаврил е Игумен во единствениот манастир во дијаспората - Македонскиот Православен Манастир „Св. Прохор Пчински“ во Донибрук при Македонската Православна Епархија за Австралија и Нов Зеланд...

Отец Гаврил е добитник на високо признание - граѓанин на годината по повод Денот на Австралија за заложба за соживот. Успехот да се добие награда по повод овој ден е гордост на секој човек, а таа се добива само со дела и по заслуга.
Македонската нација има причина да се гордее со човекот кој заслужува почит и е пример меѓу македонската заедница и пошироко. Отец Гаврил е Игумен во единствениот манастир во дијаспората - Македонскиот Православен Манастир „Св. Прохор Пчински“ во Донибрук при Македонската Православна Епархија за Австралија и Нов Зеланд.
Отец Гаврил родум е од Штип, студирал телогија, а е замонашен во 1997-та во Водача. Од 2006-та е во Австралија во Манастир „Св. Прохор Пчински“.
По повод одбележувањето на Денот на Австралија – австралискиот премиер, Тони Абот во прогодното обраќање на сите добитници на награди и признанија им честиташе и лично им се заблагодари за нивниот придонес во Заедницата.
„Оваа година ги наградуваме луѓето коишто придонесуваат во училиштатата, во волонтерски клубови, во разни групи. Им оддаваме почит на оние коишто се залагаат да ја зајакнат вербата и ја поздравуваат различноста. Им оддаваме почит на членови на заедницата како што е отецот Гаврил за неговата служба во локалната парохија“, изјави премиерот на Австралија, Тони Абот.
