Брисел е подготвен целосно да соработува со новата влада на Грција
Победата на СИРИЗА е јасна порака до европското раководство дека досегашните насоки беа неуспешни. Политиката на штедење мора да престане, но секако е дека во иднина се очекуваат и извесни компромиси по ова прашање, оценува грчкиот аналитичар Вангелис Демирис...

Европската Комисија во целост го почитува суверениот и демократски избор на грчкиот народ- истакна портпаролот Маргаритас Шимас, иако само неколку недели пред предвремените избори во Грција, председателот на неформалната влада на Европа, Јункер, многу отворено и несвосјтвено за европски политичар побара од грчкиот народ да гласаат за познати лица.
„Подготвени сме целосно да соработуваме со новата Влада, во моментот кога ќе се формира. Грција направи извонреден прогрес во изминативе години, и ние сме подготвени да продолжиме да и помагаме на Грција во насока на преостанатите реформски предизвици“, изјави Маргаритас Шимас, портапрол на ЕК.
Победата на СИРИЗА е јасна порака до европското раководство дека досегашните насоки беа неуспешни. Политиката на штедење мора да престане, но секако е дека во иднина се очекуваат и извесни компромиси по ова прашање, оценува грчкиот аналитичар Вангелис Демирис.
„Луѓето не сакаа да се предадат на стравот, имаше погрешен пристап од страна на Владата на Самарас, се обидуваа да го заплашат народот, да го уценат, меѓутоа народот е паметен, и тоа не помина. Не очекуваме дека Ципрас ќе исполни 10 од 10, но дури и 2 од 10, за нас ќе биде доволно. Мислам дека нема да има судир мегу политиките на Атина и Брисел“, смета Вангелис Демирис.
Демирис не ја отфрли можноста и за поинаков пристап на новата грчка влада кон надворешната политика, особено кон нерешениот спор со уставното име на нашата држава.
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ
