Успешен старт на екстерното тестирање

26.01.2015 17:16

Само во едно средно училиште во Струмица екстерниот испит не се спроведе, додека во Куманово биле тестирани половина од матурантите. Во скопската гимназијата Орце Николов и покрај најавата за штрајк, екстерното се спроведе...

Успешно стартуваше екстерното тестирање. Без проблеми се одвиваше оценувањето во најголем дел од училиштата низ земјава. Матурантите со кои разговараме велат - прашањата биле лесни, имале доволно време да се подготват бидејќи ги добиле еден месец пред тестирањето.

„Полагав математика, поминав многу лесно, не беше воопшто тешко... Полагав компаративна книженост, ги имавме прашањата така што беше релативно лесно“, велат дел од средношколците.

Само во едно средно училиште во Струмица екстерниот испит не се спроведе, додека во Куманово биле тестирани половина од матурантите. Во скопската гимназијата Орце Николов и покрај најавата за штрајк, екстерното се спроведе.

„Полагав англиски јазик, процесот добро се одвиваше“, вели еден средношколец.

Мали задоцнувања со старотот на екстерното имало во неколку училишта . Раководствата на дел од гимназиите ги направиле потребите контроли и  проблемите биле надминати.

„Тестаторите се на своите работни места, списоците беа благовремено истакнати, во моментот тестирањето си тече“, изјави Татјана Стојанова Дуева.

„Се се одвива според предвидениот план, немаше технички проблеми“.

Од државниот испитен центар ги демантираа натписите дека екстерната проверка ја реализираат тестатори и заменски наставниците. Во дописот до медиумите стои дека процесот го релизираат истите наставниците кои биле обучени и ангажирани од испитниот центар.

Со оценувањето се опфатени околу 20.000 ученици и 3.900 наставници. Оценувањето ќе трае до 30 овој месец, а резултатите ќе бидат објавени на 2-ри февруари. 

Викторија Тодоровска