Попоски во официјална посета на Албанија

Македонија и Албанија- добар пример за соседите од опкружувањето

26.01.2015 17:19

Евроинтеграциите се приоритетни за двете земји. Албанскиот министер за надворешни работи, Бушати со став дека неговата земја и дава и ќе продолжи да и дава беспоштедна поддршка на Македонија за влез во НАТО и Европската унија...

Како соседни пријателски земји со одлични политички односи, Македонија и Албанија ќе ја подобруваат соработката и на економски план. Шефот на македонската дипломатија, Попоски ја пренесе подготвеноста со неговиот хомолог, Бушати, да вложат напори за воспоставување и примена на европските стандарди во сите сфери, особено во смисла на правата на етничките заедници.

„Така што прашањата поврзани со територијална поделба, употреба на јазици, вклученост на сите заедници во институциите, се од взаемна важност и сметаме дека посветуваме должно вминание. Сметаме дека даваме добри примери за соседите во опкружувањто, а тоа дополнително го зајакнува нашиот аргумент зошто и Албанија и Македонија треба час поскоро да бидат дел од Европската унија“, изјави шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски.

Евроинтеграциите се приоритетни за двете земји. Албанскиот министер за надворешни работи, Бушати со став дека неговата земја и дава и ќе продолжи да и дава беспоштедна поддршка на Македонија за влез во НАТО и Европската унија.

„Албанија го поддржува членството на македонија во НАТО особено сега спроти самитот во Велс, исто така би сакале Македонија да ја видиме што побргу на преговарачката маса за членство во ЕУ, зашто напредокот на соседите е модел за инспирација за другите“, изјави Дитмир Бушати, министер за надворешни работи на Република Албанија.

Двете земји ќе треба да се залагаат да им се придружат на 20 со најразвиена трговска размена.

Одговарајќи на новинарско прашање за очекувањата по  изборната победа на Алексис Ципрас во соседна Грција, министерот Попоски рече дека Македонија доживеала промени на различни влади, но за жал наметнатиот проблем со името остана блокада за НАТО и евроинтеграциите. Сепак, изрази надеж за поотворена и поблиска соработка и во насока на решавање на спорот.

Министерот Попоски се сретна и со претседателката на Собраниската комисија за надворешни работи Ата Даде, со претседателот Бујар Нишани и премиерот на Рпублика Албанија, Еди Рама, каде главно се осврнаа на заедничките проекти и соработката не само помеѓу двете земји туку и во регионот. 

 

Фиљана Кока, специјален дописник од Тирана за МРТ