Прогласени најдобрите здравствени установи
На листата на општи болници, пак кои дале најдобри резултати се најдоа - штипската, гевгелиската, струшката, велешката и кочанската...

Универзитетската клиника за гастрохепатологија немала финансиски долгови, вовела нови интервенции во работењето, а анкетите покажале дека пациентите се задоволни од здравствените услови. Овие резултати, според системот за избалансиран приказ на постигнувањата, ја прават најдобра. Стандардите ги испочитувале и Клиниката за уво нос и грло, Торакална, Психијатрија и болницата Наум Охридски.
„Доколку една здравствена установа осум пати по ред, односно две години во секој квартал е прва на ранг листата, сите вработени во здравсвената установа ќе бидат парично наградени“, изјави министерот за здравство, Никола Тодоров.
Директорите на здравствените установи за кои пак се покаже дека не ги применувале стандардите на системот ќе бидат казнети со 10 проценти од платата.
На листата на општи болници, пак кои дале најдобри резултати се најдоа - штипската, гевгелиската, струшката, велешката и кочанската.
Кај Здравствените домови, стандардите ги исполниле оние во Валандово, Скопје, Берово, Делчево и Пехчево.
Андријана Атанасовска
