Каков бензин се точи на бензинските пумпи?
Пет правни субјекти не го испочитувале законот во однос на квалитетот на горивото. Државниот пазарен инстпекторат најавува засилени контроли за наредниот период...

Горивото поевтини, но каков бензин се точи на бензинските пумпи?! Во 70 контроли минатата година, во редовниот надзор на пазарната инспекција биле утврдени неправилности на пазарот со нафтени деривати.
Од вкупно 14 компании, пет продавале неквалитно гориво каде имало отстапување во граничните вредности на октаните.
„Имаме кај мазутот отстапување на пропишаните вредности на вискозитетот, а кај горивата во неколку случаеви имаме незапазување во однос на октаните, односно јачината која треба да ја има горивото“, вели Кирил Миноски, директор на Државен пазарен инспекторат.
Преставки од граѓаните стигнале и до Државниот инспекторат, се пожалиле дека поминале помала километража од нормалното.
Од пазарниот инспекторат велат дека во подготовка е нов закон за контрола на нафтените деривати која се однесува на поголема контрола уште на границата.
Пет правни субјекти не го испочитувале законот во однос на квалитетот на горивото. Државниот пазарен инстпекторат најавува засилени контроли за наредниот период.
Од две илјади до пет илјади евра казна и забрана за вршење на дејноста се глобите за компаниите кои не го почитуваат законот.
Дијана Ценевска
