„Вештица“ на Венко Андоновски преведена на француски јазик

26.01.2015 17:48

Книгата (со наслов „Sorciere“) ја објави белгискиот издавач „Кантокен“ и содржи предговор од познатиот писател Милан Кундера...

Излезе во печат на француски јазик книгата на Венко Андоновски „Вештица“. Белгискиот издавач „Кантокен“, Стефан Ван Рид вели дека не жалел сили и средства да дојде во Македонијна за да се заврши преводот на книгата.

Стефан ван Рид денеска на промоција во Друштвото на писателите на Македонија рече дека веднаш му се допаднал мал извадок од романот што го прочитал на блог на преведувачката и решил да го преведе во целост.

Ми се допадна начинот на гледање на несоодветниот третман на жените кои биле нарекувани вештици во средниот век,  неговиот стил на пишување и односот меѓу  реалноста и фикцијата, како и тоа што може да биде разбран во секоја земја. Тоа е светски стил и светски концепт, рече Ван Рид.  Соопшти дека книгата е дистрибуирана во книжарници во Белгија и Франција, ја има и на  „Амазон“, како и на веб-страницата на „Кантокен“.

Јована Андоновска од македонската издавачка куќа „Лакрима литералис“ рече дека иако преводот од Бежановска е направен пред неколку години, книгата е објавена сега благодарение на контактот со Ван Рид и со поддршка на Националниот центар на книгата на Франција и на Министерството за култура на РМ кое почна да субвенционира преводи на македонски дела од странски издавачи.