Алмир Дрпљанин, еден од најопасните криминалци е екстрадиран во Македонија
Има дебело криминално досие. Осомничен е за тешки кривични дела, а македонската полиција го окарактеризира како еден од најопасните криминалци по кого се трагаше...

Дрпљанин е осомничен за убиство на припадник на полициските „Алфи“ во инцидентот кај ПМФ. Попладнево од Косово е предаден на македонската полиција.
Тој беше уапсен во Урошевац во 2012 година. Има дебело криминално досие. Осомничен е за тешки кривични дела, а македонската полиција го окарактеризира како еден од најопасните криминалци по кого се трагаше.
МВР го сомничи како учесник во грабежот тежок 50 илјади евра на Прокредит банка во 2009-тата.
Учествувал и во грабежот на возилото на Комерцијална банка кај Скопски саем во 2007-та, случај во кој беше убиен возачот, а повредени двајца негови колеги, и беа одземени 200 илјади евра.
Полцијата детали најави за утре.
Наташа Гркова-Петрушевска
