СП Катар 2015

Хрватска пред сериозен испит

27.01.2015 10:02

Вчера во осминафиналето особено со одличната игра во одбраната во второто полувреме полјаците ја совладаат Шведска со 24-20 и потврдија дека формата им оди во нагорна линија кога е најпотребно...

Хрватска е една од неколкуте репрезентации кои се во потесниот круг за освојување трофеи на Светското првенство во катар,но до битката за медали ја дели сериозна пречка во четвртфиналето-селекцијата на Полска. Хрватска и натаму е со стонастотен ефект, односно со сите победи во пресрет на четвртфиналната фаза без оглед што не блескаше, додека Полска со два пораза од Германија и Данска и минимални победи над Аргентина и Русија како третопласирана во групата стигна до нок-аут фазата. Вчера во осминафиналето особено со одличната игра во одбраната во второто полувреме полјаците ја совладаат Шведска со 24-20 и потврдија дека формата им оди во нагорна линија кога е најпотребно.

„Имаат висока позициона одбрана предводена од Шмал на голот,а во нападот одлични шутери,пред се Бјелицки и Јуркевич, одлично соработуваат со пивотот и многу трчаат.Знаеме со кого играме и сега треба да го вратиме мирот и вербата во себе“-кратко анализира селекторот на Хрватска Славко Голужа по натпреварот меѓу Полска и Шведска.

Со натпреварите Хрватска –Полска и Катар –Германија утре од 18.30 се отвора четвртфиналната програма на светското која ќе кулминира во 21 часот со дуелите Словенија-Франција и со репризата на финалето од пред две години Шпанија-Данска.

 

Зоран Видевски, специјален известувач од Катар за МРТ