Тодоров во Брисел на презентација на извештајот на Европскиот здравствен потрошувачки индекс

27.01.2015 10:18

На покана на организаторот на настанот Health Consumer Powerhouse, министерот Тодоров ќе има обраќање во врска со перформансите на здравствениот систем во Македонија...

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска престојува во еднодневна посета на Брисел, каде се одржува настан по повод презентирање на извештајот на Европскиот здравствен потрошувачки индекс.
 
На покана на организаторот на настанот Health Consumer Powerhouse, министерот Тодоров ќе има обраќање во врска со перформансите на здравствениот систем во Македонија. 
 
Министерството за здравство соопшти дека во рамки на посетата на Брисел, Тодоров ќе оствари средба со Еврокомесарот за здравје и безбедност на храна, д-р Витенис Андриукаитис. 
 
Според Европската Комисија, Европскиот здравствен потрошувачки индекс се смета за најинформативна и највлијателна проценка на европската здравствена заштита.