Иванов на одбележувањето 70 години од ослободувањето на Аушвиц

27.01.2015 10:24

Претседателот Иванов ќе присуствува на главната комеморација пред „портата на смртта“ во Биркенау...

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска на Меѓународен ден на сеќавање на Холокаустот, ќе престојува во посета на Република Полска, по повод комеморацијата на 70- годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор, Аушвиц-Биркенау.

Претседателот Иванов ќе присуствува на главната комеморација пред „портата на смртта“ во Биркенау, каде што ќе се обратат полскиот претседател, претставници на преживеаните и ќе се претстави кампањата „18 столбови на сеќавањето“. Најавено е присуство на голем број шефови на држави и влади.

Присуството на македонскиот претседател на овој настан е во рамки на сеќавањето на жртвите на Холокаустот, меѓу кои се и најголем дел од Евреите од Македонија.