Сончогледот се враќа на македонските ниви
27.01.2015 12:43
Потребни се високи приноси за да се надополнат ниските откупни цени кои можат да се постигнат со системот за наводнување капка по капка...

Кај пченката ситемот за наводнување капка по капка даде одлични резултати. Со редовното наводнување и агротехничките мерки, приносите се зголемени од 3 на 15 тони. Земјоделците се заинтересирани за негова примена и кај сончогледот.
Годинава со проектот на УСАИД двојно ќе се зголеми засеаната површина и тоа на 120 за пченка, и 40 за сончоглед или вкупно 160 хектари.
Целта е да се врати сончогледот на македонските полиња кој се намали со ниските откупни цени и малите приноси.
Методија Трајков
