ИХФ официјално потврди

Македонија деветта на СП во Катар

27.01.2015 13:01

Светската ракометна федерација ИХФ го официјализираше пласманот на репрезентациите од 9-то до 16-то место на Мундијалот во Катар, коишто беа елиминирани по осминафиналните натпревари...

Македонија деветта на светот, пред Шведска, Исланд, Аргентина, Австрија, Египет, Тунис и Бразил!

Светската ракометна федерација ИХФ го официјализираше пласманот на репрезентациите од 9-то до 16-то место на Мундијалот во Катар, коишто беа елиминирани по осминафиналните натпревари. Рангирањето е направено според нивните остварувања во групната фаза, во мечевите со селекциите коишто беа од првото до четвртото место во секоја конкуренција. Се сметаа освоените бодови и гол-разликата.

Деветтото место отвора шанса Макеоднија и преку овој дострел да избори пласман на олимписки квалификациски турнир за Рио 2016, ако во октомври Катар стане шампион на Азија, а потоа во јануари наредната година европската титула ја освои некоја од селекциите коишто ќе се пласираат до седмото место на ова СП.

 

9. Македонија           4          95:85

10. Шведска              3          74:68

11. Исланд                 3          70:75

12. Аргентина           1          70:76

13. Австрија             1          86:93

14. Египет                 1          74:81

15. Тунис                   1          75:86

16. Бразил                 0          82:92. 

 

Драган Николовски, специјален известувач од Катар за МРТ