Уапсен бизнисмен, затаил 400 илјади евра данок

27.01.2015 13:11

Осомничени се уште две лица, дека помагале во извршувањето на кривичните дела, но се уште се недостапни за оганите на прогон, соопштуваат од Управата за финансиска полиција...

Уапсен сопственик и управител на две градежни фирми од Скопје, затаил 400 илјади евра данок. Осомничени се уште две лица, дека помагале во извршувањето на кривичните дела, но се уште се недостапни за оганите на прогон, соопштуваат од Управата за финансиска полиција.

Уапсениот скопјанец прикажал 47 фактури со фалсификувани податоци во сметководствената евиденција. Второпријавениот, пак, помагајќи му изготвил 14 фактури на износ од над 14 милиони денари за да изврши поврат на ДДВ.

Основано сомневање за сторено кривично дело, даночно затајување е утврдено и при продажба на основните средства на една од фирмите, бидејќи наплатените пари наместо да ги уплати на сметката на фирмата, пријавениот ги присвоил лично за себе.

Судијата на претходна постапка од скопскиот Основен суд на првопријавениот му одреди мерка 30 - дневен притвор.