МОН: Да не се злоупотребуваат учениците
Согласно со информациите, од кол центрите и ангажираните тестатори и набљудувачи, во средното училиште „Киро Бурназ“ во Куманово, на матурантите кои пристигнале во училиштето им било оневозможено да се тестираат, што е спротивно на нивната волја и законот...

Министерството за образование апелира до средните училишта, до членовите на СОНК и до сите кои се ангажирани во реализацијата на процесот на екстерното тестирање, да им овозможат на учениците коишто пристигнале во училиштата, непречено да го полагаат екстерното, стои во дописот на Министерството за образование и наука до медиумите.
Согласно со информациите, од кол центрите и ангажираните тестатори и набљудувачи, во средното училиште „Киро Бурназ“ во Куманово, на матурантите кои пристигнале во училиштето им било оневозможено да се тестираат, што е спротивно на нивната волја и законот.
Проблеми со учениците имало и во средните училишта во Тетово. Во соопштението од Министерството за образование и наука, наведуваат дека со тоа се предизвикува штета на воспитно- образовниот процес на учениците и се ограничува правото на упис и формализација на високото образование.
Министертвото за образование ги повикува членовите на СОНК и сите други одговорни лица, да не експериментираат со учениците, да не ги злоупотребуваат, да не си поигруваат со нивните судбини и активностите да ги реализираат на начин преку кој нема предизвикаат реперкусии врз нивното образование, се вели во соопштението.
