Страдањата на еврејскиот народ не смеат да бидат заборавени
Во Скопје се одржува Меѓународна научна конференција насловена „Дипломатијата и депортацијата на евреите од Македонија во 1943 година“...

Изминаа 70 години од ослободувањето на логорот Аушвиц. Денеска се одбележува Меѓународниот ден на сеќавањето на холокаустот. Во Скопје се одржува Меѓународна научна конференција насловена „Дипломатијата и депортацијата на евреите од Македонија во 1943 година“.
Конференцијата ја организираа Институтот за национална историја, Меморијалниот центар на холокаустот на евреите од Македонија и Дипломатскиот клуб- Скопје.
Наша обврска е заеднички да работиме на утврдување на улогата на дипломатијата и дипломатите во тие настани за да можеме на денешните и идните генерации да им ја претставиме вистинската слика со цел никогаш повеќе да не дозволиме такви или слични настани да се повторат, порача шефот на дипломатијата, Никола Попоски.
