Поплави: Се санираат штетите

27.01.2015 13:43

Се уште е критично во долниот тек на Вардар, каде што се заканува излевање на реката кај Демир Капија и во Гевгелиско...

Локалните власти ги санираат штетите по изобилните дождови кои викендов предизвикаа сериозни проблеми во Југоисточниот дел на земјава. Забраната за движење на патот Киселица- Злетово во општина Пробиштип поради свлечиштето, се уште останува, а штетата на мостот на патот Радовиш-Штип е санирана и сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.

Се уште е критично во долниот тек на Вардар, каде што се заканува излевање на реката кај Демир Капија и во Гевгелиско.

Во Струмица се проценуваат штетите, каде што беа поплавени голем број домови и земјоделска површина.

Координативното тело вчера го подигна нивото на аларм, по најавите дека денеска ќе има врнежи од дожд. Препорачува сите градоначалници да бидат подготвени за новиот бран врнежи и да ги преземат потребните мерки.