Словенечки експерти ќе помагаат за подобро искористување на ИПАРД средствата
27.01.2015 13:57
За 6 години земјава искористила 15 милиони евра за оваа намена...

Со техничка помош на Европската комисија, словенечки експерти ќе помогнат во креирање нови мерки кои ќе овозможат подобро искористување на ИПАРД средствата, наменети за руралниот развој.
Подобрувањето на руралната инфраструктура е еден од највисоките приоритети на Владата за што придонесува за подобрување на стандардот на земјоделците, на пазарната конкурентност и ефикасност, како и за зголемување на заштитата на животната средина и вработувањето во неразвиените подрачја, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков.
За 6 години земјава искористила 15 милиони евра за оваа намена.
