АКЦИЈА
Осум лица уапсени поради можна поврзаност со исламистички групи
27.01.2015 14:10
Официјалните лица изјавиле дека имале сознанија дека групата планирала напади врз полицијата, а во нивните домови било пронајдено и оружје...

Француската и белгиската полиција упасиле осум лица поради сомнение дека се поврзани со исламистичките групи.
Официјалните лица изјавиле дека имале сознанија дека групата планирала напади врз полицијата, а во нивните домови било пронајдено и оружје.
Претходно овој месец полициските сили убија двајца вооружени мажи во Вервие на истокот од земјата за кои се верува дека се бореле во Сирија пред да се вратат во Белгија.
Според белгиските власти, околу 350 луѓе ја напуштиле земјата за да им се придружат на исламистички групи, и дека дел од нив планираат напади по враќањето од зоните на судирите.
